contact@itgroup.mk

Виртуелизација

Try a different IT service

Created with Sketch.

Виртуелизација

Трансформирајте го вашиот бизнис со виртуелизација. Виртуелизацијата драматично ја подобрува ефикасноста и достапноста на ресурсите и апликациите во вашата организација.

Внатрешните ресурси се под влијание на стариот систем „еден сервер, една апликација“ модел, а ИТ администраторите со кој трошат повеќе време на управување сервери отколку на иновации.

Автоматизиран податочен центар, изграден на VMware виртуелизациска платформа, ви овозможува побрзо и поефикасно да одговорите на динамиката на пазарот отколку било кога претходно. Инфраструктурата VMware доставува ресурси, апликации, дури и сервери – кога и каде е потребно. Корисниците на VМware обично заштедуваат 50-70% на целокупните ИТ трошоци со консолидирање на нивните ресурсни можности и доставувајќи високо достапни машини со VMware инфраструктира.

 

Што е виртуелизација?

 

Виртуелизацијата се однесува на технологии дизајнирани да обезбедат ниво на поврзување помеѓу компјутерските хардверски системи и софтверот кој е инсталиран на нив. Со обезбедување на поголем логички преглед на компјутерските ресурси, отколку физички преглед, виртуелизациско решение овозможува да се направат неколку многу корисни работи: Можат да овозможат да ги измамите вашите оперативни системи да мислат дека група од сервери е еден пул од компјутерски ресурси. Виртуелизацијата овозможува да работите повеќе оперативни системи на една машина истовремено.

Почетоците на виртуелизацијата се со поделбата на еден физички сервер во повеќе логички сервери. Кога ќе се подели физичкиот сервер, секој логички сервер може независно да работи оперативен систем и апликации. Во 90тите, виртуелизацијата се користела примарно да ги пресоздава „end-user environments“ на еден дел од целокупниот хардвер.

 

Зошто ми е потребна виртуелизација?

Во индустријата многу брзо се дознава за виртуелизацијата и за кратко време таа станува технологија која „мора да се има“.

Виртуелизацијата продолжува да демонстрира дополнителни видливи придобивки, и колку повеќе се користи ја проширува својата вредност во секој чекор.
Консолидација на сервер е дефинитивно најинтересната точка на овој пазар. Виртуелизацијата стана темел на секоја иницијатива за заштеда на едно претпријатие. Индустриските аналитичари изјавуваат дека помеѓу 60 и 80% од ИТ секторите спроведуваат проекти за консолидација на сервер. Лесно е да се види зошто: Компаниите гледаат значајни заштеди на трошоците со редуцирање на бројот и типот на сервери кои ги поддржуваат нивните бизнис апликации.

Ова овозможува помала потрошувачка на енергија, и од самите сервери и од системите за ладење, а поголема искористеност на постоечките компјутерски ресурси односно подолг живот на податочните центри. Секако, полесно е да се управува со физички „помал“ сервер.

Сепак, индустриските набљудувачи изјавуваат дека повеќето компании започнале истражување на виртуелизацијата преку тестирање и развој на апликации. Виртуелизацијата брзо еволуира од дополнителна алатка за водење на оперативни системи во редовна алатка на програмерите. Денес ретко се креираат апликации за еден оперативен систем.

Виртуелизацијата на програмерите им овозможува да работат на една машина и да пишуваат код кој може да работи во многу различни средини, и што е најважно може да се тестира.