contact@itgroup.mk

Бекап опции

Try a different IT service

Created with Sketch.

Бекап опции

Сите знаеме дека во денешно време во секој момент треба да имаме бекап на нашите податоци. Дури можеме да замислиме дека бекап-от на нашите податоци е од особено значење за нашиот мир и благосотојба.

Самата помисла дека нашите податоци (слики, видеа, документи… она што секој што користи компјутер го има зачувано некаде во текот на годините од работењето) се безбедни и трајно зачувани не прави спокојни.

Во денешно време повеќето корисници не обрнуваат внимание на бекап на податоците, па во моментот на случување на хаварија или од било која основа губење на податоците, се активираат и размислуваат како на потежок пат да ги повратат истите.

IT Group нуди едноставен и брз начин да ги сочувате вашите податоци и податоците на вашата компанија, а при тоа да не издвоите огромни средства.

 

Зошто ви е потребен бекап?

Ова се 2 типа на бекап решенија со кои се среќаваат компаниите:
-Првиот кој може да ве чини вашиот бизнис, многупати да потфрли кога ви е најпотребен и не може да ви помогне доколку документите ви се оштетени,
-Вториот ги враќа вашите податоци за најкраток рок кога ви е тоа потребно дури и документите да ви се оштетени,

Се случува да добиеме повик од бизнис компании кои избришале некој важен податок, документ или нивниот hard disk се оштетил. Или воопшто немале копија (backup) или мислеле дека нивната копија е добра се додека не се обиделе да ги вратат податоците. Многу често мораме да ги пресортираме на скап испитувачки диск за да ги повратиме податоците дури и тогаш не е возможно целосно.

Статистиката покажува дека 93% од малите компании го губат бизнисот за најмногу 6 месеци доколку ги загубат клучните податоци (за период од 9 дена или повеќе), а 50% од нив остануваат без бизнис ВЕДНАШ !

Ова е застрашувачки податок за секој бизнис сопственик, а што е полошо ретко кој е свесен за тоа мислејќи дека креирањето заштитена копија (backup) е излишно („Тоа не може мене да ми се случи“)…

Ги запрашавме сопсствениците кои мислат дека не им е потребна заштитена копија на нивните податоци дали имаат осигурување на нивниот бизнис. Сите одговорија потврдно. Ги запрашавме во случај на пожар или кражба на компјутерите дали осигурувањето ќе покрие се? Одговорија потврдно. Но што со игубените податоци и важни документи и контакти? Ќе ги покрие и нив? Како?

Јас веќе си направив backup на податоците…Тоа е одличен почеток. Но тоа е само мал дел од решението. Дали е во ред? Како ќе знаете? Би сакале да споделиме едно искуство со вас…
Сопственик на една компанија потрошил многу пари за заштита на податоците. Имал посебно вработен за тоа, кој правел заштита по секој работен ден како и скап софтвер за креирање backup. Се случило да серверот сосема крахира и кога сакал да ги поврати заштитените податоци-не успеал скоро ништо да врати иако ангажирал сосема нов експерт за тоа. Што се случило? Според сопственикот најлошиот дел во приказната е дека иако инвестираш за да се осигураш во такви случаи и мислиш дека решенијата се добри-во реалност тие не се!