contact@itgroup.mk

Враќање на податоци

Try a different IT service

Created with Sketch.

Враќање на податоци

Враќањето на изгубени податоци од медиум е процедура на копирање на податоци од медиум за складирање во случаи кога истиот не е пристаплив во стандардните начини за пристап. IT Group употребува напредни алатки и техники со цел да понуди најбро и најбезбедно враќање на изгубените податоци.

Секој проблем е различен и специфичен па затоа ние нудиме професионален пристап кaј секој медиум. Цената за процесот на враќање на податоците е еднаква за сите наши клиенти и тие не зависат од големината на податоците кои ќе се вратат или од колкаво значење се истите. Цените зависат исклучиво од видот на дефектот кој е настанат на медиумот.

Безбедноста и довеливоста на податоците е најбитна за нас. Целиот процес на враќање на податоците се одвива во највисока дискреција.

Технологија за враќање на податоци

Враќањето на податоци претставува процес на пристап до податоците од оштетен, енкриптиран или од останати причини непристапен уред за складирање на податоци. Во највеќе случаи, враќањето на податоците е од тврди дискови, SSD дискови, USB мемории, RAID низи, CD, DVD, MicroSD, SD мемориски картички и други уреди за складирање. Процесот на враќање на податоците се врши кога не е возможно да се пристапи до податоците по стандарден начин.

Од досегашната пракса, најголемиот број на случаи кога податоците се непристапни се проблеми со оперативниот систем (OS). Во тие случаи враќањето на податоците е едноставно и брзо.

Нешто потешка е процедурата кога се работи за непристапност на податоците кога е настанат проблем со партицијата или системските фајлови. Во овие случаи враќањето на податоците може да се изведе на различни начини, од кој најефикасен е реконструцијата на базата на фајловите во склоп со употребените системски фајлови.

Постојат случаи кога е неопходно да се вратат веќе избришани податоци. Во овој случај, имајќи предвид дека податоците сеуште постојат на медиумот, но се избришани од базичната системска партиција. Во случаи кога податоците се избришани, доколку е и натаму користен истиот уред, во зависност од големината на дискот, видот и организација на системскиот фајл, можно е само делумно враќање на податоците.

Во некои случаи кога се работи за механичко оштетување, враќање на податоци е возможно само со менување на делови од ист уред, но сето тоа мора да биде направено со висока прецизност и алат, во посебна просторија и пред се од искусна личност. Во овие операции е вклучено и корегирање на firmware и негово модифицирање.

Најкомплицираните случаи се кога има потреба од враќање на податоци од големи системи, каде се вклучени неколку одделни медии, кои повеќе се употребуваат во серверите, а се поврзани во RAID низи. Враќањето на податоци од RAID низите, кога причинител за непристапноста до податоците е природна непогода или човечка грешка е најкомплициран случај за враќање на податоци.

Враќањето на податоци од USB и SSD дискови се базира на креирање на специјален софтврески алгоритам, кој се вметнува во чиповите.

Тек на работа

Со цел да обезбеди квалитет во работата и да стекне доверба во соработката со клиентите и партнерите, IT Group работи според детална процедура:

Процесот на враќање на податоците го сочинуваат следните чекори:

1. Прием на медиумот;

2. Дијагноза за враќање на податоците и евалуација;

3. Изведба на копирање на податоците од оштетениот медиум;

1 Прием на медиум:

Приемот на медиумот се врши со достава на истиот во нашата канцеларија во Скопје или кај некој од нашите партнери. Можете да го доставите лично или по курирска служба.

Откако ќе се изврши прием на медиумот, му се доделува референтен број според кој се води во натамошниот процес.

Во формуларот за апликација кој ние ви го доставуваме, можете да ги заведете сите важни податоци кои ви се потребни да се вратат. Во овој случај акцентот се поставува на овие локации од каде се вадат што е можно повеќе податоци.

Формуларот за апликација ги содрижи сите детали кои се потребни за целосниот тек на натамошната работа (ознаки, вид на енкрипција, в

ид на фајлови, видови на бази на податоци). Во овој формулар можете да забележите и временски период за кој ви се потребни податоците. Во случај да ви се итни податоците, истото треба да го наведете во формата за апликација.

IT Group нема да ги наплати своите услуги во случај на:

IT Group не е во можност да ја комплетира работата,
Клиентот не ги добие податоците кои му се потребни,
Клиентот не е задоволен од извадените податоци,
Процедурата за враќање на податоците не е завршена во наведениот временски период,

Доколку медиумот го испраќате по курирска служба, ве молиме истиот убаво да го запакувате со цел да не дојде до дополнителни оштетувања во времето на транспорт.

2. Дијагноза за враќање на податоците и евалуација

Во овој процес се информира клиентот со можностите за враќање на податоците, базирани на информациите што се наведени во моментот на прием на дискот. Резулатите од дијагнозата за враќање на податоците, деновите потребни за извршување, како и цената за целосната работа се утврдуваат и клиентот добива целосна понуда за враќање на податоците.

Доколку во процесот на дијагнозата има потреба од отварање на комората на дискот, потребна е согласност од клиентот.

3. Изведба на копирање на податоците од оштетениот медиум

Процесот на копирање на податоците се одвива во високо безбедни услови, каде исклучиво имаат пристап техничарите кои работат на моменталниот процес.

Во денешно време процесот на копирање на податоците е комплексен особено кај медиите со поголем капацитет, каде треба повеќе време. Во исто време, овој процес бара најголемо внимание бидејќи тука има најголема веројатност да се појават проблеми при копирање.

Поради оваа причина ние прво правиме дуплирање на секој медиум од кој враќаме податоци, (дуплирање значи процес на копирање на податоците од секој сектор поединечно), па потоа, со одредени апликации пристапуваме до логичката структура на медиумот (податоците). Овие апликации имаат за цел да ја реконструираат партицијата на медиумот, директориумите, фајловите или да се најдат дигитални докази во случај на одредена судска постапка.

Успешноста на оваа фаза зависи од прецизната и точна дијагноза, како и од следните операции кои се изведени во процесот на враќање на податоците. Вредностите кои се добиени при тестирање на медиумот во процесот на дијагноза и евалуација се имплементираат во текот на процесот на копирање на податоците.

Овие вредности примарно се однесуваат на оштетени сектори, прекин на работа на главите на медиумот, оштетување на електрониката на медиумот или оштетување на логичката стуктура.

Благодарение на искуството, ние секојдневно работиме на тоа да успееме да извадиме највеќе податоци од медиумот. Откако ќе се изврши копирањето на податоците, истите се поставуваат на наш сервер, каде клиентот може да направи увид и на негово барање да се вратат податоците кои се потребни.